четврток, 22 февруари 2024

Најновите уреди на Самсунг и на македонскиот пазар

Објавено на

часот

Сподели

„Првите реакции на корисниците на новите Galaxy уреди беа феноменални, за што сведочат нивните позитивни реакции во периодот на преднарачка. Со Galaxy Z Flip5, Z Fold5, серијата Watch6 и серијата Tab S9, имаме за цел да го обезбедиме најновото и најдоброто во секоја категорија и да им обезбедиме на нашите потрошувачи нови и возбудливи искуства кои се прилагодуваат на различните животни стилови. Особено сме задоволни што нашата визија работи толку добро со потрошувачите ширум светот“, вели  ТМ Рох, претседател и раководител на Mobile eXperience Business во Samsung Electronics.

Galaxy Z Flip5 носи нова димензија на преклопување на паметните телефони со револуционерен дизајн за преклопот и најголемиот надворешен дисплеј на уредот Galaxy Z Flip досега. Благодарение на екстремно тенкото и компактно тело, Galaxy Z Flip5 лесно се вклопува во секој џеб, истовремено обезбедувајќи простран екран кога е отворен, а доаѓа во дури четири бои инспирирани од природата. Опција FlexCam ви овозможува да креирате креативни спомени од различни агли без раце, додека со помош на стабилизацијата Super Steady, камерата прави кристално чисти фотографии дури и во движење.

Флексибилност во сите правци

џ

Galaxy Z Fold5 е разновиден уред кој комбинира компактен паметен телефон и простран таблет во едно. Овој уред им овозможува на корисниците да користат повеќе апликации истовремено, создавајќи неверојатно лесно и продуктивно искуство. Galaxy Z Fold5 ги менува правилата на играта во светот на мобилната технологија затоа што неговиот издржлив флексибилен спој им овозможува на корисниците целосно да го расклопат или под идеалниот агол кој најмногу му одговара на корисникот во даден момент; без разлика дали се работи за гледање филм, играње игра, правење идеална фотографија или видео состанок, со екран од 7,6 инчи и подобрена осветленост до 1750 нити, односно за дури 30 проценти.

Бројни опции на поголем екран

џ

Серијата Galaxy Watch6 ги испорачува најновите иновации од светот на преносливата технологија со 20% поголем екран кој сега може да прикажува повеќе текст и поголема тастатура. Со елегантен дизајн и богата палета на функции, овие паметни часовници стануваат незаменлив дел од секојдневниот живот. Тие обезбедуваат детална анализа на факторите на резултатите од спиењето која го следи времето на спиење на корисникот, циклусот на спиење и физичкото и менталното закрепнување, додека советите за спиење овозможуваат подобрување на навиките. Следејќи го здравјето, известувајќи ги корисниците за важни информации и обезбедувајќи персонализирана содржина, серијата Galaxy Watch6 обезбедува сé што може да посака еден модерен корисник.

Идеална замена за лаптоп

џ

Серијата таблети Galaxy Tab S9 носи моќна продуктивност и забава во рацете на корисниците. Со висококвалитетен екран, моќни перформанси и поддршка за Samsung S Pen, оваа серија им овозможува на корисниците да креираат, истражуваат и да ги постигнат своите цели на едноставен и интуитивен начин, без разлика каде се наоѓаат. Тие доаѓаат во три големини –  Galaxy Tab S9, Galaxy Tab S9+, Galaxy Tab S9 Ultra и две бои – графитна и беж, додека сите три модели имаат Dynamic AMOLED 2X екран, кој обезбедува неверојатни бои и визуелни слики. Vision Booster им овозможува на корисниците да го користат таблетот дури и во светло осветлени области, благодарение на интелигентниот алгоритам кој се прилагодува на сончевата светлина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ