вторник, 22 октомври 2024

Најмногу поплаки за здравјето на животните, а најмалку за храната од животинско потекло стигнале до АХВ

Објавено на

часот

Сподели

Бабовски за МИА истакнува дека е помал бројот на претставки кои се однесуваат на работа без одобрение на оператори со храна, измама на потрошувачи, сомнежи за труење со храна и други наводи. 

„Во Одделението за заштита на правата на потрошувачите од почетокот на годинава досега се пристигнати 218 претставки, но предничат оние од областа на здравствената заштита и благосостојбата на животните и досега такви се 112. По бројност, по нив се оние кои се однесуваат на безбедноста на храната од неживотинско потекло. Нивниот број досега изнесува 90. Само 13 претставки се однесуваат на безбедност на храната од животинско потекло. Останатите се предлози“, нагласува Бабовски.  

Минатата година, 226 од поднесените претставки до АХВ биле со наводи кои се однесувале на храната од неживотинско потекло, додека најмал бил бројот на претставки за безбедноста на храната од животинско потекло. Според Бабовски, нивниот број во 2022 година изнесувал 25.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ