сабота, 27 јули 2024

Најмногу казни полицијата напиша за брзо возење и минување на крстостница без право на предимство

Во акциска контрола спроведена низ Македонија на возила кои поминале крстосница без да имаат предимество на минување вчера сообраќајната полиција на 40 возачи им напиша казни, а при контролата се казнети вкупно 171 возач за разни други прекроци. При радарска контрола на брзи возачи во Скопје изречени се 61 казна, додека на патиштата и улиците низ Македонија вкупно се казнети 198 возачи за брзо возење.

Објавено на

часот

Сподели

Вчера во периодот од 8 до 12 часот при контролата на возила кои поминале крстосница без предимство на минување, од казнетите 40 возачи, 15 се сопрени на територијата на СВР Тетово, а  11 на територија на СВР Битола.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 348 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 61 санкција, 31 мерка за возење без возачка дозвола, 16 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се 26 мерки за користење мобилен телефон при возење, 31 санкција за некористење сигурносен појас, девет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, велат од МВР.

Од казнетите 198 возачи за брзо возење при контролите низ државата, утврдено е дека тројца возачи се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 109 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 89 надвор од населено место..

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ