сабота, 27 јули 2024
Време

Најмногу дожд во Битола, снег во Лазарополе и на Попова Шапка

Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Битола 43 литри на метар квадратен, во Крушево 38, Прилеп 35 Прилеп, Гевгелија 33 и во Охрид 26 литри, соопшти УХМР.

Објавено на

часот

Сподели

Снежна покривка од 11 сантиметри има во Лазарополе, на Попова Шапка девет и во Крушево четири сантиметри.

Во текот на ноќта се задржа облачно со повремено пообилни врнежи од дожд особено во југозападните делови од земјата. Ветерот ослабе и започна да дува претежно северен. Утринава пообилни врнежи има во јужните и централните делови од земјата. Во Крушево започна да врне пообилен снег, а снег врне и на Попова Шапка и Лазарополе.

Забраната за тешки товарни возила на превојот Пресека што беше воведена во текот на ноќта поради обилни снежни врнежи, од утрово во 6,30 часот е укината, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Буково, Ѓавато, Пресека и Крушево, послаби врнежи на Попова Шапка, Дебар и Плетвар.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ потсетува на законскатра обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март.

Времето денеска ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд, наместа и особено во јужните делови обилни. На планините врнежите ќе бидат од снег, а особено во западните делови на некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Врнежите ќе престануваат кон крајот на денот. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 14 Целзиусови степени.

Во Скопје облачно со врнежи од дожд кои попладне ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне 14 степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ