вторник, 22 октомври 2024

Најмногу дожд падна во Демир Капија

Најниска температура од десет степени целзиусови е измерена во Лазарополе и 12 во Маврови Анови, а највисока во Гевгелија, Велес и Струмица, каде се регистрирани 20 степени целзиусови. Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен јужен ветер. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.

Објавено на

часот

Сподели

Изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Демир Капија – 38 литри на метар квадратен, а најмалку во Охрид, Пожаране, Крушево, Берово, Ѓуриште, Кавадарци, Струмица, каде наврнал 1 литар на метар квадратен.

 

Од УХМР појаснуваат дека дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на Управата, и оти поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

 

Максималната температура во земјава ќе биде во интервал од 28 до 35 степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ