петок, 18 октомври 2024
Време

Најмногу дожд наврна во Прилеп

Објавено на

часот

Сподели

Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената, велат од УХМР.

Во текот на ноќта и изутринава времето е облачно со повремени локални врнежи од дожд со слаб интензитет. Утринава понекаде дува слаб променлив ветер кој е повремено умерен во скопската котлина.

Времето денеска претпладне ќе биде претежно облачно со повремен слаб дожд, попладне облачноста ќе се намалува, а во југоисточните делови ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 26 Целзиусови степени.

Во Скопје претпладне облачно со повремен слаб дожд, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 23 степени. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ