петок, 18 октомври 2024

Најмногу дожд наврна во Маврови Анови

Објавено на

часот

Сподели

Времето во текот на ноќва и утрово е облачно со локални врнежи од дожд. Претежно долж Повардарието дува умерен ветер од северен правец. Во текот на денот ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. 

Наместа, посочуваат од УХМР, врнежите ќе бидат пообилни, особено во источните делови, каде ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 24 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде облачно со повремен дожд, повремено пороен. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 21 степен.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ