Според последните податоци на Европската агенција за азил (EUAA), во текот на месец септември годинава, од Албанија се поднесени 586 нови барања за азил, а од Косово 584 барања.
„Бројот на барања за азил на граѓаните од Косово и од Албанија во текот на месец септември е значително поголем во споредба со другите земји во регионот. Од Македонија се поднесени 286 барања за азил во една од земјите на Европската Унија, 252 од Србија, исто толку од Босна и Херцеговина, додека од Црна Гора само 46 барања, објавија албанските медиуми.
За девет месеци од годинава, бројот на барања за азил на албански државјани во земјите од Европската Унија е околу 5.500. Најголем број се во Италија и Грција, по што следуваат Франција и Германија.
Од податоците кои претходно ги објави Европската агенција за азил, од минатата година чекаат да бидат разгледани околу 2.700 барања на граѓани од Албанија.