Двајца новинари и еден полицаец, наводно, се убиени, а други се ранети во напад на општата болница во главниот град Порт-о-Пренс во вторникот.
Ова место беше повторно преземено од владата на Хаити во јули, откако беше окупирано и уништено од банди.
Сојузот на бандите Вив Ансанм, кој контролира голем дел од градот, ја презеде одговорноста за нападот.
#Haiti: Armed attack at the General Hospital: chaos at the reopening ceremony
On Tuesday, December 24, the State University of Haiti Hospital (HUEH), located in downtown Port-au-Prince, was the scene of an armed attack by gangs. This act of violence, which occurred during the… pic.twitter.com/AdRrmh3ssW
— HaitiInfoProj (@HaitiInfoProj) December 24, 2024
Сликите објавени на интернет се чини дека покажуваат неколку повредени или мртви луѓе во зградата.
Новинарите го чекаа доаѓањето на министерот за здравство Лорт Блим кога почна пукањето.
Новинарите Маркензи Нату и Џими Џин беа убиени за време на нападот, изјави за АФП Робест Диманш, портпарол на колективот за онлајн медиуми.
Haiti’s online media association confirms that two reporters were killed and others wounded in a gang attack on the re-opening of Port-au-Prince’s biggest public hospital. https://t.co/bRN3b1oK8s
— HuffPost (@HuffPost) December 24, 2024
Други новинари се ранети, додаде тој.
Еден полицаец исто така е убиен, изјави за АФП портпаролот на полицијата Лионел Лазаре.
„Се чувствував како во ужасен филм“, вели Диего Андре, фоторепортер кој беше сведок на насилството, според Хаити Тајмс. „На облеката имам крв од неколку повредени новинари“.
Во онлајн видео за кое се тврди дека е од нападот, сојузот на бандата Вив Ансанм рече дека не го одобрила повторното отворање на болницата, која ја зазедоа и уништија во март.
Шефот на Претседателскиот преоден совет на Хаити, Лесли Волтер, рече: „Изразуваме сочувство до семејствата на сите жртвите, особено до Националната полиција на Хаити и до сите новинарски здруженија. Им гарантираме дека овој чин нема да помине без последици“.
Народот на Хаити продолжува да страда од неподносливо насилство од банди, и покрај поставувањето на нова преодна влада во април и распоредувањето на меѓународни сили предводени од кениската полиција пред шест месеци.
Хаити е зафатен од бран на насилство од банди по атентатот во 2021 година на тогашниот претседател Џовенел Мојс.
Се проценува дека 85% од Порт-о-Пренс сè уште е под контрола на банди.
ОН соопштија дека само оваа година во насилствата на Хаити се убиени околу 5.000 луѓе, а земјата сега е пред колапс.