Несреќите долж автопатот 55 се случија во понеделникот во окрузите Монтгомери и Сангамон, јужно од главниот град на државата, откако прашината од свежо изораните полиња го зафати автопатот, соопшти полицијата, пренесе Си-ен-ен.
Државната полиција на Илиноис соопшти дека 37 лица, на возраст од две до 80 години, се хоспитализирани со повреди кои се движат од полесни до опасни по живот.
Официјални лица сè уште работат на идентификување на петте други жртви и на известување на нивните семејства, а меѓудржавниот автопат во јужниот дел на Сангамон и северниот округ Монтгомери ќе остане затворен додека трае истрагата и отстранувањето на возилата.