сабота, 27 јули 2024

Најмалку пари во здравството во 2022 биле потрошени за превентивната заштита, објави ДЗС

Вкупните тековни трошоци за здравството во 2022 година изнесуваат 60.567 милиони денари и бележат опаѓање од 1,4  отсто во однос на 2021 година, кога изнесуваЛе 61.408 милиони денари, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС).

Објавено на

часот

Сподели

Според податоците на Државниот завод за статистика, најголемо опаѓање во однос на претходната година од 44,9 отсто има кај превентивна здравствена заштита, кај даватели на помошни (дополнителни) услуги намалувањето е 41,1 отсто, а кај  приватни трошоци на домаќинствата има намалување од 5 отсто..

Најголемо учество во вкупните тековни трошоци за здравството имаат трошоците за лекување од 54,8 отсто по што следат болници со 38,3 и владини (буџетски) механизми и задолжително здравствено осигурување со 57 отсто.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ