петок, 10 јануари 2025

Најмалку десет жртви во пожарите во Лос Анџелес, 180 илјади евакуирани, 10.000 уништени објекти (ВИДЕО)

Бројот на настраданите во застрашувачкиот бран шумски пожари кои зафатија повеќе делови на Лос Анџелес порасна на најмалку десет, огнот „проголтал“ околу 10.000 куќи и други објекти, а бројот на евакуираните граѓани порасна на околу 180.000.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во и околу овој град на сојузната американска држава Калифорнија и понатаму се активни пет пожари. Материјалната штета сега се проценува на 150 милијарди долари.

Американскиот претседател Џо Бајден, кој на 7 јануари прогласи голема катастрофа, вети вчера дека сојузната влада целосно ќе ги покрие трошоците за санација на последиците од пожарите за следните 180 дена, што вклучува отстранување на урнатините и опасните материјали, изградба на привремени засолништа и плати за итните служби на терен.

Градоначалничката на Лос Анџелес Карен Бејс од редовите на Демократската партија, соочена и со критики од новоизбраниот претседател Доналд Трамп и други републиканците поради носењето со катастрофата, кажа дека веќе се размислува како брзо да се обнови градот.

Најголемиот пожар Палисејдс е изгасен само на област од шест отсто. До сега изгорел речиси 20.000 хектари. Итон изгорел 14.000 хектари и не е изгасен. Пожарот Кенет се разгорел последен, не е под контрола и зафатил 960 хектари. Пожарот Херст изгорел 700 хектари, и десет отсто од пожарот се изгасени.

Агенцијата Асошиејтед прес наведува дека подрачјето зафатено од пожарите изгледа како да е бомбардирано.

Бројни авиони на ридовите во пламен фрлаат вода и материјали за гасење, а напорите се потпомогнати од ослабениот ветер, кој претходно дувал со ураганска брзина. Се очекува нови ветришта да се формираат во вторник, на 14 јануари.

Без своите домови во пожарите останале и некои славни личности, како глумците Били Кристал, Џејмс Вудс, Адам Броди и хотелската наследничка Парис Хилтон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ