сабота, 27 јули 2024

Најмалку 50 патници се повредени кога авион почнал ненадејно да паѓа на лет од Сиднеј до Окленд

Најмалку 50 лица се повредени по „инцидент“ на летот на ЛАТАМ Ерлајнс од Сиднеј за Окленд. За време на летот се појавил технички проблем поради кој леталото нагло почнало да паѓа, јавуваат локалните медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Службите за итни случаи соопштија дека околу 50 лица биле прегледани и згрижени на местото на настанот, при што едно лице е во тешка состојба, а останатите во умерена или полесна состојба.

Околу 13 лица се пренесени во болница на лекување, се додава.

Авионот „Боинг 787-9 Дримлајнер“ слета на аеродромот во Окленд според планираното во понеделникот попладне по локално време.

Летот обично застанува во Окленд на пат кон Сантијаго, главниот град на Чиле.

ЛАТАМ Ерлајнс има редовни линии меѓу Сиднеј, Окленд и главните центри во Јужна Америка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ