петок, 27 декември 2024

Најмалку 35 мртви во Кина откако возач удри во нив и побегна (ВИДЕО)

Најмалку 35 лица загинаа, а 43 се повредени кога возило удри во нив во кинескиот град Џухај, по што возачот побегна од местото, соопштија властите.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Кинеската полиција набрзо потоа уапси 62-годишен маж поради сомнение дека со возило удрил луѓе, а потоа побегнал.

На видеата што ги потврдил Ројтерс може да се видат најмалку 20 лица како повредени лежат на земја, а осомничениот по инцидентот побегнал во блискиот спортски центар.

Полицијата во извештајот вели дека привела маж со презиме Фан, бидејќи во понеделникот околу 20 часот по локално време со мало возило удрил во пешаци пред спортскиот центар, а потоа побегнал.

Во пријавата полицијата не прецизира можен мотив за нападот.

Насилниот криминал е редок во Кина поради строгите закони за оружје, но има зголемување на нападите со нож во големите градови, наведува британската агенција.

Во октомври, пет лица беа ранети во напад со нож во Пекинг пред едно од најдобрите основни училишта во градот.

Еден месец претходно еден јапонски ученик беше избоден до смрт пред неговото училиште во Шенжен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ