понеделник, 16 декември 2024

Најмалку 31 лице почина во епидемијата на колера во Мозамбик

Објавено на

часот

Сподели

Циклонот „Фреди“ траеше повеќе од пет недели и двапати го погоди Мозамбик.

Во тропската бура загинаа 165 лица во Мозамбик, 17 во Мадагаскар и 676 во Малави, а повеќе од 530 лица сѐ уште се водат за исчезнати во земјата, пренесе АП.

„Фреди“ по вторпат ја погоди провинцијата Замбези во Мозамбик, каде сѐ уште се поплавени десетици села, а залихите со вода сѐ уште се контаминирани, додека водоводната инфраструктура е тешко оштетена.

Генералниот директор на Националниот институт за здравство, Едуардо Сем Гудо Јуниор, извести дека само во округот Келимане, главниот град на Замбези, има 600 нови потврдени случаи на колера дневно, но рече дека вистинската бројка може да достигне и до 1.000.

Најмалку 31 лице почина од колера во Замбези, а повеќе од 3.200 се хоспитализирани во периодот од 15 до 29 март, соопшти Министерството за здравство.

Најголем број случаи има во населбата Ицидуа на периферијата на Келимане, каде повеќето жители живеат во колиби од бамбус или ќерпич и носат вода во канти од заеднички бунари, загадени по поплавите.

Состојбата ја влошува и тоа што во циклонот беа оштетени вкупно 80 здравствени домови во Мозамбик.

Само во областа Келимане, на 24 март беа пријавени 444 случаи на друга опасна болест, маларија, но бројот веројатно е многу поголем бидејќи многу жители немаат пристап до здравствените установи.

Циклонот „Фреди“ се формираше на почетокот на февруари во близина на Австралија и помина повеќе од 8.000 километри од исток кон запад преку Индискиот Океан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ