недела, 6 октомври 2024

Најмалку 20 загинати и 50 ранети во руски воздушен напад во Киев, погодена детска болница

Најмалку 20 лица загинаа, 50 се ранети во „масовен“ руски ракетен напад врз главниот град и други градови во Украина, соопшти Министерството за внатрешни работи во Киев.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Во нападите беа оштетени „станбени згради, инфраструктура и детска болница“, како што соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Зеленски изјави дека „повеќе од 40 ракети од различен тип“ паднале врз Киев, Днепар и Криви Рих во централна Украина и Краматорск и Славјанск во источниот регион Доњецк.

„Сите служби се ангажирани да спасат што е можно повеќе луѓе“, рече тој преку социјалната мрежа Икс.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко наведе 11 жртви. Тој, изјавил за Ројтерс дека тоа бил „еден од најлошите“ напади врз главниот град во 28-месечната војна.

Во Криви Рих, родниот град на Зеленски, загинаа 10 лица, 31 лице беа ранети, соопшти градоначалникот Олесандар Вилкул.

Три лица ги загубија животите во Покровск, во источна Украина, каде ракети погодија индустриски објект.

Зеленски рече дека целиот свет треба да биде одлучен за конечно да се стави крај на руските напади.

Според градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, ова е еден од најтешките напади врз Киев од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година.

Кличко изјави дека во нападот била оштетена главната детска болница, пренесува Ројтерс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ