сабота, 27 јули 2024

Најмалку 115 убиени во терористичкиот напад во Москва

Најмалку 115 лица, според последните информации, се убиени во нападот на публиката на концерт во салата Крокус сити хол во близина на Москва, јави Истражниот комитет на Русија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Руската новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на податоци на Федералната служба за безбедност (ФСБ) објави дека се ранети повеќе од 145 лица, и дека меѓу повредените има деца.

Огранок на Исламска држава, екстремистичката група која некогаш контролираше делови од Ирак и Сирија, која оперира во јужно-централна Азија (ИСИС-К) ја презема одговорноста за нападот на Телеграм. Автентичноста на снимката сè уште не е потврдена, но неколку часа претходно ФСБ соопшти дека спречил напад на една синагога во Москва кој требало да го изврши ќелија на ИСИС.

Шефот на ФСБ Александар Бортников го извести претседателот на земјата дека се приведени 11 лица кои учествувале во терористичкиот напад на салата Крокус во Москва, а меѓу нив се четворица терористи кои се директно вмешани во нападот.

„Директорот на ФСБ Бортников го извести претседателот Владимир Путин за приведувањето на 11 лица, вклучувајќи ги сите четворица терористи кои се директно вмешани во терористичкиот напад“, соопшти прес-службата на претседателот.

Интерфакс, цитирајќи го ФСБ, јави дека четворицата осомничени за нападот се движеле кон границата на Русија со Украина кога биле уапсени рано утринава, и дека имале контакти на украинска страна, пренесува Ројтерс. ФСБ наведе дека нападот бил внимателно планиран. Советникот на украинскиот претседател Михаило Подолјак кажа синоќа дека Киев нема никаква врска со нападот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ