Весникот Фолкштиме пишува дека некои од повредените се во критична состојба.
Полицијата блокирала голем дел од градот.
Според првичните извештаи од посетителите на божиќниот базар, возач на црн кросовер ги пробил бариерите и прегазил повеќе луѓе на божиќниот базар.
An attack has taken place at a Christmas market in Magdeburg, Germany.
Several people are dead and injured, according to MDR. pic.twitter.com/LRjCu82QtS
— Visegrád 24 (@visegrad24) December 20, 2024
Според сведоците, тој возел цик-цак по целиот базар, очигледно за да прегази што повеќе посетители. Кога се обидел да се сврти, го сопреле и уапсиле полицајци. Засега нема информации за идентитетот на осомничениот напаѓач.
Инцидентот, пишуваат германските медиуми, буди лоши спомени на нападот на божиќниот базар во Берлин на 19 декември 2016, кога исламистички напаѓач со украден камион удри во десетици посетители. Тогаш загинаа вкупно 13 лица, а 67 беа повредени, некои тешко.