Во Маврови Анови се измерени 0,1 степен во Тетово, 2 Прилеп, Битола, Охрид, 3 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Кавадарци, Крива Паланка, Куманово, Берово и Претор, 4 степени во Велес, Дебар, Штип, Виница и 5 степени во Демир Капија и Струмица.
Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнало во Дебар 53 литри на метар квадратен, 38 во Охрид, 32 Маврови Анови, 24 Лазарополе, 17 Крушево, 15 Претор, Пожаране, 10 Тополчани, 9 Тетово, Попова Шапка, 8 Виница, 7 Скопје-Петровец, Прилеп, Битола, 6 Берово, 5 Штип, 4 Крива Паланка, Куманово, Пожар, 3 во Скопје-Зајчев Рид, 2 Кавадарци, Велес, Струмица и 1 во Демир Капија.
Висината на снежната покривка во седум часот била 47 сантиметри на Попова Шапка, 27 Маврови Анови и седум сантиметри во Крушево.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На планините и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали и врнежите насекаде ќе престанат. Максималната температура ќе достигне од четири до 10 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд, а во повисоките делови од котлината од дожд и снег. Ќе дува умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.