Грешка или намера, на Островот никој нема одговор, но Најки откако ги испровоцира „сините“, го тргна спорниот плакат. На постерот покрај ликот на Велбек, стоеше и паролата „Почитувај го минатото, стани иднина“. Паролата според јавноста има двојно значење, затоа што е наменета за пребогатиот градски ривал, кој има десетици пати помалку трофеи од далеку пореномираниот градски соперник.
Манчестер сити моментно има три бода повеќе во однос на Јунајтед во трката за шампионската титула во оваа сезона за „граѓаните“, чии сопственици од Абу Даби не жалат пари за да изградат „дрим тим“. Манчестер сити нема освоено титула речиси половина век, а лани триумфот во ФА Купот им беше прв трофеј по 35 години.