петок, 18 октомври 2024

Најголеми резерви во светот: Боливија има 23 милиони метрички тони литиум

Објавено на

часот

Сподели

Претходно била спроведена владина студија со која е потврдено дека Боливија има најмногу литиум во светот.

Тој додаде дека боливиската влада веќе почнала преговори со претставници на Европската Унија за инвестиции во проекти со литиум.

„Сите очи се фокусирани на Јужна Америка и Боливија поради богатството кое го имаме кога станува збор за литиумот и стратегиските минерали“, кажа Арсе, а пренесува Ројтерс.

Боливија се сврте кон инвестиции на руски и кинески фирми за да ги развие своите огромни, но главно неискористени ресурси на белиот метал, клучната компонента за батериите кои се користат за погон на електричните возила, наведува британската агенција.

Таканаречениот литиумски триаголник на Јужна Америка содржи повеќе од половина од светските резерви на литиум, според проценките на Геолошкиот завод на САД.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ