вторник, 22 октомври 2024

Најголем напад со дронови на Москва досега (ВИДЕO)

Украина изврши еден од најголемите напади со дронови врз Москва, а руските единици за противвоздушна одбрана уништија најмалку десет дронови, изјави утринава градоначалникот на Подолск, кој се наоѓа на 38 километри јужно од руската престолнина.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Системите за противвоздушна одбрана продолжуваат да ги одбиваат нападите на непријателските авиони. Некои од нив беа уништени над Подолск. Ова е еден од најголемите обиди за напад на Москва со беспилотни летала. Продолжуваме да ја следиме ситуацијата“, напиша градоначалникот Сергеј Собјанин на Телеграм.

На социјалните мрежи се шират снимки од нападот.

Според првичните информации, нема повредени лица, ниту евидентирана штета, додаде Собјанин. Украина во изминатите месеци повеќе пати испраќаше по еден или два дронови кон Москва, секој пат без значителна штета.

Сепак, се чини дека овој последен напад е поголем од оној во мај минатата година, кога над главниот град беа уништени најмалку осум дронови, на што рускиот претседател Владимир Путин рече дека Киев се обидува да ја испровоцира и исплаши Русија.

Руските власти ретко даваат целосни детали за нападите, главно известувајќи само за уништени беспилотни летала од страна на нивните единици за воздушна одбрана. Исто така, и Русија и Украина ретко го откриваат целосниот обем на штета што се јавува како резултат на меѓусебните напади, освен во случаи кога е оштетена станбена или цивилна инфраструктура или кога ќе загине цивил.

Споменатиот напад врз Москва е дел од поголем напад со беспилотни летала од Украина, забележаа руските власти, имајќи предвид дека системот за противвоздушна одбрана запре 18 беспилотни летала над областа Брјанск во југозападна Русија и уште неколку над други региони. Но, и таму не е забележана штета.

Ројтерс не можеше веднаш да ги потврди овие извештаи, а Украина сè уште не ги коментираше.

Киев ги засили воздушните напади на руска територија во последните месеци, но вели дека тоа го прави за да ја уништи клучната инфраструктура потребна за воени операции. Тие наведуваат и дека нивните напади се одговор на континуираните руски напади на украинска територија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ