сабота, 27 јули 2024

Најгледана комшика на Ју-тјуб – Александра Накова

Објавено на

часот

Сподели

Наш избор за најактуелна комшика на неделава е Александра Накова. Многумина ја запознаа како девојка од модните писти уште пред да учествува на реалното шоу „Преживеани“, а многумина пак ја паметат и како прва Македонка што позираше за списанието „Плејбој“ без облека.

Родена е во Гевгелија. Минатата година јасно ни стави до знаење дека сака да патува и да запознава нови лица, но изгледа дека не ни сонуваше дека некои патувања и не се баш толку пријатни. Како ова „преживувачкото“, на пример.

Во светот на модата, Александра влегува на 7-годишна возраст, со првата фотосесија за детски бутици. На 13 години станува член на модната агенција Црнокрак.

Се вклучува во повеќе избори на убавина меѓу кои и Мис интернешнел во Турција и Мис самер интернешнел во Бугарија, каде што ја освојува титулата мис боди, за најдобро тело.

22-годишната Александра е студент на отсекот криминалистика и детективи, не ја крие својата желба да остане и во светот на модата, и повеќе од тоа – да стане една од листата на светските топ модели. А како што ѝ тргнала славата на Ју-тјуб, барем кога е во прашање кирилицата, деновиве е поактуелна и од нашите најдобри бендови.

Сепак, на следното нејзино патување ѝ посакуваме повеќе гламур.

[video:http://www.youtube.com/watch?v=BFI2mvjK1Rw]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ