сабота, 27 јули 2024

Најдоцна до понеделник ќе биде отворен нов пункт за промена на личните документи во Скопје

Министерството за внатрешни работи е во завршна фаза за средување на пункт, кој треба да се стави во функција за издавање на лични документи. До сабота треба да завршат сите подготовки на просторијата за да почнат со работа вработените, а граѓаните да бидат услужени, истакна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој одговараше на новинарски прашања, по отворањето на нов објект за форензички испитувања во МВР.

Објавено на

часот

Сподели

„Очекувам веќе од сабота или од понеделник, во зависност како ќе бидат подготвени, да можеме да го ставиме објектот во функција, со тоа што се подготвуваме да направиме две смени во самиот објект и на некој начин да имаме добра динамика за граѓаните. Така што од една страна на сите групни домови, старски домови им е дадена можност да се пријават и во неколку од нив комплетно е завршено земањето на податоци за издавањето на новите лични документи“, изјави Спасовски.

Тој најави дека во следниот период ќе има целни групи и граѓни, кои ќе можат да ги сменат личните документи.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски очекува до крајот на годината или почетокот на јануари 2024 година во сите објекти, во кои може да се заменуваат податоци да бидат завршени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ