сабота, 27 јули 2024

Најдобрите чувари на Александар Македонски и Цар Самоил

Александар Македонски, како воин на коњ, гордо е издигнат на главниот скопски плоштад. Опкружен е со лавови. Дополнително, под него има војници до заби вооружени со копја и штитови. Водената површина под него, фонтаната, која исто така може да се смета за одбранбена зона, макар што е без крокодили, е покриена со делумно скинато платно.

Објавено на

часот

Сподели

И, ништо не е доволно кога станува збор за безбедноста бидејќи се работи за големиот Александар Македонски.

А кој е најдобриот чувар? Се разбира – кучето. И никој подобро од плоштадските кучиња не ги знае спомениците и сè што е тука изградено и недоизградено.

Кучињата се грижат за спомениците. Имаат и стратегија. Ги третираат личностите по значење. Така, кај Александар Македонски се поставени две кучиња, а кај Цар Самоил стражари едно куче.

Ние само си мислиме дека кучињата спијат или дремка ги фаќа во лежечка позиција. Но тие набљудуваат. И знаат сигурно кој ги чркта и пречкртува некои од таблите на кои пишува дека тоа ти биле споменици од грчкото историско наследство. И не кажуваат, тоа е таа градска култура.

А, кај Цар Самоил тој што чкртал оди и разбери што порака напишал. Може и вака и така да се чита. Вториот збор е јасен – Македонија.

Ех, вечно Скопје…

П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ