сабота, 27 јули 2024

Најдобрата хрватска проза на македонски

Објавено на

часот

Сподели

Книгата раскази „Мора да разговараме“ на хрватската писателка Тања Мравак македонскиот издавач „Македоника литера“ ја издаде на македонски јазик.

Оваа книга лани ја доби наградата на „Јутарњи лист“ за најдобра прозна книга во Хрватска. Книгата од хрватски јазик ја преведе Ленче Тосева.

Според хрватската критика, книгата на Мравак е книжевно изненадување во Хрватска во 2011 година.

„Тања Мравак раскажува за невротичните ситуации во секојдневјето, за обичните луѓе во обичните ситуации, најчесто во периодот откако завршила вљубеноста и треба да се премине во постојаност на љубовта. Дијалозите им даваат драмска сила на расказите и низ нив уверливо се изградени ликовите. Јунаците во расказите на Тања Мравак се обични луѓе фатени во мачни ситуации на секојдневјето. Расказите сјајно ги раскажува Мравак, така што читателот останува фасциниран, а писателот во читателот восхитен“, напиша Миљенко Јерговиќ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ