сабота, 21 декември 2024

Најдено безживотното тело на 52 годишник по кого се трагаше изминативе недели

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска 22 август во 15 часот во СВР Тетово пријавено е дека во водите на реката Вардар, во близина на месноста Бриони и старото фудбалско игралиште, закачено на дрво, било пронајдено безживотното тело на И.Р.(52) од тетовско Теново. Екипи од тетовската Територијална противпожарна единица и СВР Тетово попладнево го извлекле телото на брегот. Увидна екипа на СВР Тетово во координација со Јавен обвинител извршиле увид, а ќе се врши и обдукција“, информираат од СВР Тетово. 

Во потрагата учествуваа Центар за управување со кризи, Дирекција за заштита и спасување, МВР, Општина Брвеница како и граѓани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ