понеделник, 21 октомври 2024

Најдени црви во бајадерата на Краш, фабриката ги обвинува условите на складирање

Во бајадери купени во Интерспар во Копривница во три наврати се најдени црви, поради што фабриката Краш, која ги произведува, ја негираше својата вина, наведувајќи дека нивните производи се чувствителни на условите на складирање.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Црви во бајадерите купувачите наоѓале во јануари оваа година, потоа во јуни, за последниот случај да биде пријавен минатата недела, од страна на потрошувачкото здружение „Ало, инспекторе“ на Фејсбук, пренесува Индекс.

„Од фабрички спакуваната амбалажа на популарното слатко, со уреден рок на траење – до 2 јануари 2025 година, излегоа дебели, бели црви!“, објави на социјалната мрежа здружението, додавајќи дека црвите кои се појавиле на почетокот на зимата биле кафеави и долги, додека сега биле дебели и бели.

Краш веднаш реагираше, истакнувајќи дека нивните производи се чувствителни на условите на складирањето.

„Кај бајадерата постои можност од загадување со „инфестација“ поради несоодветно складирање. Развојот на ларвата на молецот бара 21 ден. Молецот може да се пробие низ амбалажата ако условите на складирање се несоодветни, или ако производот се чува во близина на брашнести материјали“, истакна Краш.

„За жал, не можеме целосно да ги контролираме условите на пазарот“, се додава во соопштението.

Од здружението „Ало, инспекторе“ наведуваат дека експерти им кажале дека причина за појава на црви во бајадерите може да биде лешник кој не бил доволно термички обработен за да се уништат јајцата, а и дека уште чекаат одговор од трговскиот ланец Спар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ