Манчестер Сити се радува на својот прв трофеј од Светското клупско првенство, избраниците на Пеп Гвардиола вечерва се прошетаа до титулата и го совладаа Флуминенсе со 4-0.
Резултатот беше отворен по само 40 секунди, Хулијан Алварез одлично се снајде и ја затресе мрежата за најбрзиот гол во историјата на Светското клупско првенство.
По половина час игра беше 2-0, Нино си постигна автогол и му ја олесни задачата на Манчестер Сити.
Фил Фоден во 72. минута ги реши сите дилеми околу победникот, а во финишот од мечот, Хулијан Алварез со својот втор погодок ги постави конечните 4-0 и стави точка на натпреварот.