Во објава на неговиот фејсбук-профил, Неделков вели дека го информира членството на СОНК и останатата заинтересирана јавност дека содржината на изјавата на министерката за образование Весна Јаневска не е договорена со СОНК.
„Точно е дека двапати имавме конструктивна средба и ставовите на СОНК беа јасни, почитување на законот и Колективниот договор, од каде произлегува и барањето за усогласување на платите во основно и средно образование за 12,15 отсто. Тоа што од страната на министерката беше кажано дека нема материјални можности оваа година, не значи дека СОНК се откажал од своето барање“, напиша Неделков на фејсбук.
Во наредниот период очекува, како што вели, „повторно средба со надлежните во државата и решавање на настанатата ситуација“.
„Го замолувам членството на СОНК да не подлегнува на смислена провокација и обид за разбивање на единството од поединци и групи, сѐ со цел нивно лично или колективно профитирање. СОНК останува единствената организација која што се грижи за правата и интересите на своите членови“, напиша лидерот на СОНК.