сабота, 27 јули 2024

Наградна игра на Лукоил, Елеонора Гаштевска добитничка на Хјундаи

Наградна игра на Лукоил, Елеонора Гаштевска добитничка на ХјундаиЗаврши наградната игра на Лукоил Македонија „Играј за хјундаи венју и 120 награди за патување и кампување“. Елеонора Гаштевска, од село Цапари, Битола е добитничката на главната награда – автомобил Hyundai Venue. Денеска, на БС Лукоил Првомајска, во Скопје во присуство на амбасадорот на Руската Федерација во Македонија Сергеј Александрович Баздникин, раководителот на Балканската меѓурегионална организација Лукоил и генерален директор на Лукоил Македонија Денис Јурјевич Рјупин и регионалниот управител на Лукоил Македонија Андреј Михајлович Куку свечено беше доделен автомобилот Hyundai Venue. Клучевите веќе се во рацете на најсреќната Елеонора.  

Објавено на

часот

Сподели

„Лукоил Македонија фокусирано работи на креирање позитивно искуство со своите корисници. Секојдневно, преку снабдување на гориво со постојан квалитет, но и обезбедување на висококвалитетни услуги. Задоволството на потрошувачите и нивната лојалност за нас се од големо значење. Токму затоа, секоја година бараме начин како да им кажеме благодарам. Оваа година организиравме голема наградна игра која траеше 6 месеци, пред новогодишните и божиќните празници, во духот на дарувањето ја доделивме и главната награда – прекрасниот автомобил Hyundai Venue. На Елеонора ѝ посакувам добро здравје и многу среќа во годината што доаѓа и секако сигурни и безбедни патувања со новиот автомобил”, изјави Куку.

„Годинава Лукоил Македонија е нашиот Дедо Мраз! Подобар подарок и поголемо изненадување не можевме ни да замислиме. Веќе ги имам клучевите во рака, но сè уште се прашувам дали ова навистина мене ми се случи. Пресреќна сум. За мене ова е навистина голем ден. Пред Новогодишните и Божиќните празници би сакала да им посакам на сите да се надеваат и да веруваат, зашто среќата се случува кога најмалку ја очекуваме. И благодарност од срце за Лукоил Македонија кои мислат и нас потрошувачите и ја ценат лојалноста”, изјави добитничката на главната награда Елеонора Гаштевска.

Наградната игра почна на 15 јуни, а заврши на 15 декември 2023 година. Во тој период беа изведени вкупно 6 извлекувања и беа доделени 120 награди на исто толку среќни добитници. Најголемата среќа во оваа наградна игра ја имаше Елеонора од село Цапари, Битола –  добитничката на главната награда – автомобил Hyundai Venue.

Лукоил Македонија изразува огромна благодарност до сите што учествуваа во наградната игра и им ги честита Новогодишните празници на сите граѓани на Македонија.  

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ