International – World Innovative Student IWISЕ – Expo е една од најпрестижните меѓународни платформи во светот која ја негува и промовира креативноста, иновациите и пронајдокот. IWISE е глобална платформа за млади талентирани изведувачи, надарени уметници и извонредни научници за да ги покажат своите вештини, креативност и научен ум. Оваа платформа, исто така, има за цел да ја олесни размената на научни идеи, интереси и способности во следните категории: СТЕМ (наука, технологија, инженерство и математика), талент и уметност.
Еден од проектите на учениците беше достоен за специјалната награда на жирито. Учеството на оваа манифеставија им носи на учесниците и можности за попусти на повеќе од 60 универзитети во Обединетото Кралство.
Ментор на овие ученици е Нимет Азири.