Општината Бутел денеска додели три награди за најубаво украсени дворови на нејзина територија.
За најубаво уреден двор е прогласен дворот на семејството Мариќ од населбата Радишани, потоа следува дворот на семејството Петкови од Бутел 2, а наградено е и семејството Тодорови од населбата Бутел 1.
Сите три семејства добија симболични парични награди од по 5.000 денари.
Општината Бутел првпат доделува вакви награди и според општинарите целта за таквиот потег била да се поттикне натпреварувачкиот и естетскиот дух кај граѓаните.
Семејството Тодорови најави дека парите од наградата ќе ги донира за лечење две болни дечиња од соседството
Награди за најубавите дворови во општината Бутел

Објавено на
часот