сабота, 27 јули 2024

Наградата „Васил Иљоски“ за комедиографија ја доби Сашко Коцев

Лауреат за МТФ Денови на комедија Куманово 2024 е актерот Сашко Коцев.

Објавено на

часот

Сподели

Советот на фестивалот Денови на комедија Куманово во состав Сашо Тодоровски, Александра Михајловска Величковски, Владанка Крстевски, Крсто Богојевски, Сефедин Шабани и Цоки Ристовски одлучија наградата „Васил Иљоски“ која се доделува за особен придонес во театарската уметност, посебно во делот на комедиографијата да му припадне на актерот Сашко Коцев.

Наградата ќе се додели на отворањето на фестивалот кон крајот на септември во Центарот за култура Трајко Прокопиев Куманово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ