четврток, 22 февруари 2024

Награда „Оскар на хуманоста“ од Црвен крст на Македонија за клиниката „Жан Митрев“

Објавено на

часот

Сподели

„Добрината треба да издржи, и ако некој прави лошо, треба да му се врати со добро. Затоа постојат и вакви добри, хумани луѓе кои без разлика на сѐ, прават само добри дела. Некои аматерски, некои доброволно, волонтерски, професионално, но прават добри работи и помагаат на другите. Јас сум навистина горд што сум тука, меѓу вас, со толку многу добри луѓе и оваа награда само ме убедува дека хуманоста и искрената добрина го менуваат светот на подобро“, истакна д-р Митрев при подигањето на наградата.

Клиника „Жан Митрев“ својата поддршка на активностите на Црвениот Крст на Македонија ги покажува континуирано со учествување во сите хуманитарни и донаторски активности организирани од страна на организацијата, како и со редовни доброволни крводарителски акции со кои се придонесува за подигање на здравствената култура и јавната свест за постојаната потреба од крводарителство. Со масовното учество во крводарителските акции од страна на вработените како и со останатата помош од клиника „Жан Митрев“ за хуманитарните активности на Црвениот Крст, клиниката се потврдува како колектив со високи етички, хумани и морални вредности.

Оскарот на хуманоста беше доделен во рамки на одбележување на Светскиот ден на Црвен крст и Црвена полумесечина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ