сабота, 27 јули 2024

Нафтената индустрија вложува во Трамп

Американската индустрија на нафта и гас недвосмислено го сака Доналд Трамп за следен претседател на Соединетите Американски Држави.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во кампањата на Трамп, американската индустрија на нафта и гас досега вложила 7,36 милиони долари, што е речиси десет пати повеќе во однос на неговата соперничка во борбата за претседателската номинација Ники Хејли која собрала 807.000 долари.

Претседателот на САД Џо Бајден, и покрај рекордното производство на нафта за време на неговиот мандат во Белата куќа, од индустријата на нафта и гас добил само 635.000 долари за кампањата, пренесува Блумберг.

Производството на нафта и гас во САД и извозот на нафта и течен природен гас (ЛНГ) цветаа минатата година, а многумина во индустријата сметаат дека тоа било и покрај политиката на Бајден, а не благодарение на неговите потези, пишува американскиот медиум.

Здруженијата во секторот на нафта и гас често ја критикуваат енергетската политика на Бајден, тврдејќи дека таа е „непријателска“ кон таа гранка на индустријата, како и дека ја поткопува американската економија и работните места.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ