сабота, 27 јули 2024

Надворешнополитичкиот одбор на српското собрание го отфрли предлогот за воведување санкции на Русија

Објавено на

часот

Сподели

За предлог резолуцијата за усогласување на надворешната политика на Србија со рестриктивните мерки на ЕУ против Русија, која ја поднесе претседателот на одборот Борко Стефановиќ, гласаа два члена на тоа тело, еден беше против, а 12 воздржани.

Одборот за надворешни работи не ги усвои ни препораките до владата за нова надворешна политика, ни декларацијата за потреба од јакнење на соработката со Русија на билатерално ниво и во меѓународните организации, ни предлог резолуцијата за забрана на користење еднострани санкции како инструмент на надворешната политика, кои ги поднесоа пратеници на десничарските опозициски партии.

На седницата на одборот не е усвоена ни декларацијата за „Српски мини-шенген“ како нов облик на интеграција на Србија, Република Српска и Црна Гора, која исто така ја предложија пратеници на десно ориентираните опозициски партии.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ