петок, 27 септември 2024

Надлежните седнаа на маса да бараат чаре за урнатиот ѕид кај детска клиника и за каблите под напон кои се закана за граѓаните

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов деенска одржал координативен состанок за уривањето на потпорниот ѕид кај Клиниката за детски болести – Скопје, според налогот за вршење заеднички вонреден инспекциски надзор, со претставници на Државниот инспекторат за животна средина, Државниот инспекторат за енергетика, рударство и минерални суровини и со Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, соопшти ЦУК.

Објавено на

часот

Сподели

На координативниот состанок учествувале и претставници на одделението за инспекциски надзор на ЦУК. Заедничкиот координативен состанок, согласно Законот за инспекциски надзор бил организиран по задолжение на Инспекцискиот совет, а во организација на ЦУК, според задолжувањето на субјектите да се спроведе заеднички вонреден инспекциски надзор над наводите за загрозување на животот и здравјето на луѓето и на материјалните добра што се предизвикани од подземните води, одронот и уривањето на потпорниот ѕид, како и отворените подземни кабли под напон кај Детската клиника.

„На координативниот состанок беа донесени неколку заклучоци, да се провери состојбата и реализацијата на решението издадено од Градежниот инспекторат од Општина Центар, во соработка со ЕВН, Државниот инспекторат за енергетика да ја провери и констатира опасноста од подземните кабли што се под напон, а сега се гледаат и одделението за инспекциски надзор од ЦУК да оствари дополнителна средба со Државниот комунален инспекторат за да изврши координација за одржувањето на постојниот канал со шахти што се руинирани и не се функционални, а истиот не е одржуван од Водовод и Канализација на Град Скопје“, информираа од ЦУК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ