По победата над Црна Гора во првото коло, Македонија освои голем бод против Хрватска кој ни дава шанса да се бориме за првото место во групата.
Македонските ракометари добро го почнаа денешниот меч, имавме неколкупати предност од два гола разлика, но водевме со 8-6 и тогаш следуваше наш голем пад. Хрватите почнаа серија и на полувремето заминаа со предност од 15-10.
На почетокот од вториот дел Хрватска го зголеми водството на највисоки 18-11. Момците на Раде Стојановиќ тогаш се разбудија и направија неверојатна серија од 9-1 по која дојдовме до водство од 20-19. На крајот во неизвесен финиш натпреварот заврши 24-24, имавме и напад за победа, но Дамјан Митев не го реализираше.
Узунчев и Шуелски дадоа по шест голови, одличен на голот беше Галевски со седум одбрани, Брестовац имаше четири интервенции.
Следниот меч на Македонија кој е последен од групата е во сабота против Австрија од 14:20 часот.