петок, 18 октомври 2024

Надежен старт на надежите во Новата година

Објавено на

часот

Сподели

Во присуство на селекторот Џон Тошак, кој го следеше дуелот, фудбалерите предводени од Бобан Бабунски имаа одлично издание со оглед на противникот што го имаа против себе. Ремито е надежна најава дека конечно најголемите македонски надежи во оваа година ќе направат многу повеќе во квалификациите за ЕП 2013 во Израел.

Јани Урдинов, бекот на скопски Работнички, го обезбеди ремито со гол од пенал во 93. минута од мечот, откако „Италијанецот“ Стефан Ристовски (Кротоне, на заем од Парма) се избори за пенал.

Самир Фазли во 18 минута го отвори мечот, но на пауза не замина со предност иако беше подобра на теренот во однос на Италијанците. Де Лука (27.) и Барета (51.) беа стрелци на головите, по еден во двете полувремиња, а во вториот дел мечот имаше поинаков тек од првиот, па сега Италија поведе иницијативата. Сè до последната минута, кога Ристовски се избори за пеналот.

Македонија мечот го започна со Гачевски, Брдаревски, Ристевски, Таири, Богдановиќ, Ристовски, Спировски, Фазли, Несторовски, Глишиќ и Џелил, а шанса потоа добија и Димитриевски, Урдинов, Мециновиќ, Силјановски, Јакимовски, Јовановски, Митревски, Алтипармаковски и Стојанов.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ