вторник, 21 мај 2024

Надал тргна со победа во Барселона

„Кралот на земјата“ Рафаел Надал денеска го одигра својот прв натпревар по пауза од 103 дена и го растури италијанскиот тенисер Флавио Коболи со 2-0 (6-2, 6-3) во првото коло од турнирот во Барселона.

Објавено на

часот

Сподели

Надал, кој во моментов е на 644. место на АТП листата, но игра со специјална покана како 11-кратен шампион во Каталонија, изгледаше одлично на теренот на кој низ кариерата одлично се чувствуваше.

Во првите три гема се загреваше, но од четвртиот, кога ја искористи третата брејк-топка, почна да го меле својот противник. Проблеми имаше само во шестиот гем кога спаси четири брејк-топки за вториот сет да го добие со 6-2.

Во второто коло, Надал ќе игра против четвртиот носител Алекс де Минор кој е 11. на АТП листата во моментов.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ