сабота, 27 јули 2024

Надал првпат е елимиран во првото коло на Ролан Гарос

Рафаел Надал го заврши учеството на Ролан Гарос, веројатно ова е и негов последен настап на големиот грен-слем турнир, загуби во три сета од Александер Зверев.

Објавено на

часот

Сподели

Рафаел Надал немаше среќа во ждрепката, па за противник го доби Александер Зверев кој игра во одлична форма во моментов која кулминираше со освојување на турнирот во Рим.

Германскиот тенисер беше подобар од Рафа и победи во три сети, но Шпанецот се покажа во многу солидно издание. Зверев го доби првиот сет со 6-3, во вториот имаше голема борба која заврши со тајбрејк во кој Германецот беше подобар со 7-5, третиот сет беше 6-3.

По крајот на мечот Рафаел Надал рече дека ова можеби е неговиот последен настап на Ролан Гарос иако потенцираше дека уште не ја донел конечната одлука за тоа.

За Рафаел Надал ова беше прв пораз во првото коло на Ролан Гарос, грен-слем турнирот кој го освои рекордни 14 пати.

Неговиот следен настап на голем турнир ќе биде на Олимписките игри во Париз.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ