сабота, 27 јули 2024

Надал против Зверев уште на стартот на Ролан Гарос, на Ѓоковиќ му се падна полесниот пат (ФОТО)

Денеска беше извршена ждрепката за новото издание на Ролан Гарос, а таа донесе дерби пресметка уште во првото коло, Рафаел Надал ќе игра против победникот од Рим, Александер Зверев.

Објавено на

часот

Сподели

Надал за првпат не влезе како носител на турнирот, а тоа го чинеше тешка ждрепка уште на стартот. Дуел против Зверев кој во моментов е во одлична форма.

Новак Ѓоковиќ се падна во полесната половина, па дури во финалето ќе може да се сретне со некој од Карлос Алкарас и Јаник Синер кои се покажаа како најтешки противници за него.

Во половината на Ѓоковиќ се Надал, Зверев, Каспер Руд…

Во првото коло Србинот ќе игра против домашниот тенисер Пјер Иго Ербер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ