Надал синоќа во пет сега го победи Оже-Алиасим и се пласираше во четвртфиналето каде што ќе игра против Новак Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ и Надал последен пат еден против друг играа токму на Ролан Гарос, лани во полуфиналето кога Србинот победи во четири сета, а потоа и ја освои титулата.
Надал поради повредите не ја исклучува можноста ова за него да биде и последен настап на големиот турнир во Франција.
„Последен пат со Новак играв лани, токму тука, а вака тешки мечеви немам одиграно во последните три месеци, ова ќе биде голем предизвик за мене. Тој има девет победи едно по друго. Знам каква е мојата ситуација но го прифаќам тоа, стигнав до четвртфиналето и не можам да се жалам. Пред само две недели се надевав дека ќе играм, не бев сигурен дека можам да настапам. Уживам што сум тука со години, а мечот со Ѓоковиќ може да биде мој последен на Ролан Гарос. Поминувам низ тежок процес. Не знам што ќе се случува во иднина, затоа се трудам да уживам колку што можам повеќе“, изјави Надал.