среда, 29 мај 2024

Надал ќе ја заврши кариерата по крајот на сезоната

Шпанскиот тениски ас, Рафаел Надал соопшти дека за него ова е последна сезона во кариерата.

Објавено на

часот

Сподели

38-годишниот Надал кој денеска го почнува настапот на турнирот во Барселона, соопшти дека ја игра последната сезона.

„Зад мене се две тешки години, се случуваат некои работи во телото и не можев да го следам распоредот кој го сакав. Кога не можеш – не можеш. Ова е моја последна сезона на турот и сакам да уживам во секој момент“, рече Надал.

Надал има освоено вкупно 92 титули, тој важи за еден од најголемите тенисери во историја. Но, во последните години постојано се мачи со повреди, лани воопшто и не играше, оваа година се обидува да се врати, засега има настап само во Бризбејн и сега во Барселона.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ