сабота, 27 јули 2024

Над 30 деца вратени од Русија во Украина

Објавено на

часот

Сподели

Киев проценува дека речиси 19,5 илјади деца се одведени во Русија од почетокот на војната во февруари минатата година, означувајќи го тоа како незаконска депортација, пренесува Ројтерс.

Москва, која контролира делови на југот и истокот на Украина, негира дека ги грабнала децата и тврди дека се одведени за нивна безбедност.

Основачот на хуманитарната организација „Сејв Укреин“, Микола Кулеба, кажа дека привршува петтата спасувачка мисија.

„Беше посебна според бројот на деца кои успеавме да ги вратиме, но исто така и поради нејзината сложеност“, кажа Кулеба.

Организацијата им помага на семејствата на децата кои се одведени во Русија со логистика и планирање потребни да тргнат на долгиот пат за своите деца да ги вратат во Украина.

„Има деца кои менувале локација пет пати во пет месеци, некои деца кажуваат дека живееле со стаорци и бубашваби“, кажа Кулеба.

Тој додаде дека децата биле одведени во летни кампови, од украинските области Харков и Херсон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ