сабота, 27 јули 2024

Над 3.600 деца вакцинирани или им е закажан термин преку кампањата „Од врата до врата“

Над 3.600 деца се вакцинирани во нивните домови или им е закажан термин за вакцинација во рамки на заедничката кампања „Од врата до врата“ на Министерството за здравство (МЗ) и Светската здравствена организација (СЗО), со поддршка од Европската Унија (ЕУ). Поделени се над 7.500 информативни материјали.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираа денеска од Министерството за здравство, во рамки на кампањата вакцинирани во нивните домови се и 2.630 граѓани над 65-годишна возраст со вакцина против сезонски грип, кои не можеле да дојдат до пунктовите за имунизација. За нив е обезбедена и бивалентна ревакцина против Ковид-19.

„Во кампањата беа вклучени 30 медицински тимови од здравствените домови. Вкупно беа посетени 221 рурално место и 79 урбани населени места, односно вкупно 3.867 домови низ државата“, додаваат од МЗ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ