Како што информираа денеска од Министерството за здравство, во рамки на кампањата вакцинирани во нивните домови се и 2.630 граѓани над 65-годишна возраст со вакцина против сезонски грип, кои не можеле да дојдат до пунктовите за имунизација. За нив е обезбедена и бивалентна ревакцина против Ковид-19.
„Во кампањата беа вклучени 30 медицински тимови од здравствените домови. Вкупно беа посетени 221 рурално место и 79 урбани населени места, односно вкупно 3.867 домови низ државата“, додаваат од МЗ.