четврток, 26 декември 2024

Биле испукани над 25 куршуми, а ниту еден не го погодил градоначалникот на Арачиново, Ибраими

Со над 25 куршуми од автоматска пушка вчера било пукано кон градоначалникот на скопско Арачиново, Ридван Ибраими, дознава МКД.мк од извори од истрагата. Иако, најверојатно мета на нападот бил градоначалникот Ибраими, случајно или не, ниту еден од куршумите не го погодиле него, туку дел од нив завршиле во неговиот возач и во уште еден вработен во општината. Според првичните информации, најверојатно сторителот пукал од далечина. За сега официјални детали за идентитетот на напаѓачот нема, но како што неофицијално дознаваме се работи за лице кое е познато на полицијата и кое има дебело криминално досије. По него се трага.

Објавено на

часот

Сподели

Неофицијалните информации до кои дојде МКД.мк се дека причина за пукањето е расправија околу државно земјиште во Арачиново на кое оној кој пукал веќе има изградено објекти, а градоначалникот Ибраими требало да гради спортски објект.

МВР вчера соопшти дека повредени се две лица, а градоначалникот не е повреден.

„ На 01.04.2024 во 13.25 ч. во СВР Скопје е пријавено дека на влез на с. Арачиново машко лице со автоматска пушка пукало кон градоначалникот на о. Арачиново Р.И., кој бил заедно со уште неколку лица. При тоа повредени се две лица, кои биле заедно со градоначалникот. Градоначалникот не е повреден, а не се точни ниту шпекулациите објавени во дел од порталите дека е повреден полициски службеник. СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот“, соопштија вчера од МВР.

Вчера дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје извршил увид на лице место и издал наредби за прибирање траги и вршење соодветни вештачења, информира од ОЈО Скопје во врска со пукањето кон градоначалникот на Општина Арачиново, Ридван Ибраими, во кое се повредени две лица кои биле заедно со гроначалникот.

А.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ