Студентите споделија многу интересни приказни, се запознаа меѓусебно и имаа ден за ориентација. Двајца од студентите по вторпат го избрале УГД како место каде ќе ја поминат Еразмус размената.
„По втор пат сум во Штип, на истиот универзитет и навистина имам убаво искуство од овде. Ова е мое трето Еразмус искуство, од кои двете ми се од овој универзитет и едно од универзитет во Шпанија. Македонија е убава земја. Има многу работи што можат да се видат. У Универзитетот посветува многу внимание на практичната настава, нешто што недостасува на мојот универзитет во Италија“, нагласува Алесандро Лаи, од Сасари Универзитетот од Италија.
Проректорката на УГД, Никодиновска-Крстевска им порача дека во наредниот период УГД ќе биде нивни партнер.
„Се надевам дека ќе поминете добро во наредните неколку месеци овде во Македонија. Ние сме благодарни и почестени што од сите универзитети во Европа, волку голем број на студенти го избрале токму Универзитетот ‘Гоце Делчев’ “, рече Никодиновска- Крстевска
Годинава има студенти од Шпанија, Италија, Полска, Турција и Литванија. Сите се на различни факултети, а УГД прима над 50 студенти годишно преку Еразмус програмата.